среда, 14 јануари 2026

Вардар го промовира наследникот на Гоце Георгиевски

Ракометниот клуб Вардар 1961 го промовира новото име за следната сезона, а тоа е Бобан Поповски.

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за младо момче кое има 17 години и доаѓа од редовите на Мулти Есенс. Поповски е кадетски и младински репрезентативец на Македонија, еден од најталентираните на својата позиција и се очекува да биде замената за капитенот Гоце Георгиевски во иднина.

Младиот Поповски потекнува од Преспа, од каде се пресели во редовите на Алкалоид и играше во младинските категории и за Мулти Есенс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ