Победата на Вардар во ниту еден момент не беше доведена во прашање, натпреварот беше решен уште во првото полувреме кое Вардар го доби со неверојатни 23-12. Во вториот дел се одигра само рутински за да се дојде до победата од 38-24.
Најефикасен беше Урош Митровиќ со седум голови, Јанковски постигна шест, Малус пет. На голот фантастичен беше Влах со 11 одбрани.
Во последното коло од групната фаза Вардар е е домаќин на Тулуз, тоа ќе биде натпревар без резултатско значење.






