Вардарци имаа фантастичен старт на мечот, поведоа со 6-1, а разликата ја одржуваа и на полувремето заминаа со предност од 18-11.
Тулуз се разигра во вториот дел и дојде на само еден гол негатива, беше 23-22. Сепак Вардар не дозволи да се случи пресврт, се созема во финишот и го доби натпреварот со 28-26.
Најдобар во составот на Вардар беше Јака Малус со шест голови, ДМитро Горига даде четири по трипати погодија Николас Боно, Петар Јанковски и Урош Митровиќ. Милош Валах мечот го заврши со осум одбрани.
И следниот натпревар на Вардар во Европската лига е на гостински терен, тоа е дуелот кај Кристијанштад.






