четврток, 9 април 2026

Вардар го победи Бутел и дојде на два чекори до трофејот

Ракометарите на Вардар продолжуваат да чекорат сигурно кон титулата, откако денеска во рамките на петтото коло од плеј-офот во Суперлигата убедливо го совладаа Бутел со 42-27.

Објавено на

часот

Сподели

Со оваа победа, „црвено-црните“ се доближија на два чекори до шампионскиот пехар, бидејќи сега им недостигаат уште две победи за и математички да ја обезбедат титулата. По вчерашниот пораз на Пелистер од Охрид, Вардар има предност од десет бода на врвот на табелата, иако има одиграно и натпревар повеќе од директните конкуренти.

Прашањето околу победникот беше решено уште во раната фаза од натпреварот, кога Вардар ја наметна својата игра и без проблем ја контролираше ситуацијата до самиот крај, победувајќи го градскиот ривал доста убедливо.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Јака Малус со осум погодоци, а исто толку даде и Дејан Михајловиќ од Бутел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ