„Црвено-црните“ се решија оваа зима за квалитетни ривали поради битките кои следат во Европа и Суперлигата. На овој турнир ќе учествуваат еден тим од Лигата на шампионите и три од Лигата на Европа (меѓу кои е и Вардар).
Прв противник на Вардар во полуфиналето ќе биде Слован Љубљана во натпревар кој ќе се одигра на 30 јануари. Во второто полуфинале ќе се судрат хрватските екипи Загреб и Сесвете.






