Вардар нареди четири победи, момците на Седлоски вечерва славеа во градското дерби против Работнички.
Популарните „романтичари“ успеаја да го шокираат фаворитот и веќе во 7. минута да поведат со 0-1 со голот на Имери.
„Црвено-црните“ веднаш ги консолидираа редовите, креираа неколку убави шанси преку Мато, Омерагиќ и Данев, но голманот Василв беше на висината на задачата.
Вардар сепак стигна до 1-1 пред крајот на првиот дел, Давид Бабунски од пенал реализираше за 1-1 во 40. минута.
Натпреварот практично беше решен во неколку минути во продолжението од натпреварот, кога најпрво Демири беше исклучен и гостите останаа со играч помалку, а Вардар преку Кастанеда направи целосен пресврт и повее со 2-1.
Најтрофејниот македонски клуб победата ја потврди со голот на Мато.
Со овие три бода, Вардар се најде на лидерското место во ПМФЛ, и ќе бие на врвот најмалку до утре.






