Монпелје синоќа загуби на реваншот од Елверум со 31-35, но претходно на свој терен победи со дури 12 гола разлика, беше 36-24, па со вкупни 67-59 се пласираше меѓу осумте најдобри.
Вардар ќе ја има предноста на домашен терен, првиот меч се игра на 28 април во Франција, а реваншот е на 5 мај во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Црвено-црните на овој дуел може да гледаат и како можност за одмазда од 2018 година кога токму од Монпелје беа елиминирани на фајнл-фор турнирот во Келн, тогаш во полуфиналето францускиот тим победи со 28-27.






