понеделник, 26 јануари 2026

Вардар го бара наследникот на Седлоски, Аргентинец е најатрактивната опција

Моменталниот лидер на на табелата во Првата македонска фудбалска лига и фаворит за шампионската титула, Вардар ја почна потрагата по нов тренер кој треба да го преземе кормилото од наредната сезона.

Објавено на

часот

Сподели

На листата на можни наследници на Гоце Седлоски се неколку странски, но и домашни имиња.

Како најатрактивно име на неа е Аргентинецот Кристијан Фабијани кој последно го предводел Њуел Олд Бојс. Со него активно се водат преговори, тој е и најскапа опција за црвено-црните.

Покрај Фабијани, како странски опции се Пјотр Височански од Полска кој работел за тамошната репрезентација до 19 години, како и младиот Французин Ромаин Фолз кој има само 35 години, но веќе седумгодишно тренерско искуство. Французинот водел неколку африкански екипи.

Македонска опција е актуелниот помошник на Седлоски, Матија Мирков, како и искусниот Борче Христов и актуелниот тренер на Детонит, Горан Здравков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ