Вардар го одработи првиот тренинг од подготовките за вториот дел од сезоната во кој целта е да се освои шампионската титула.
Отсутни на почетокот се Роџерс Мато, Фаустин Сенхор, Ибрахим Олаосебикан и Ворен Чимпембе кои наскоро треба да им се приклучат на останатите.
Вардар првите денови од подготовките ќе ги мине во Скопје, за 13 јануари е предвидено патување кон Анталија каде тимот ќе остане до 3 февруари. Таму ќе бидат одиграни и неколку контролни натпревари со квалитетни противници.






