Во првото полувреме се играше рамноправно, двете екипи се менуваа во водство, на одморот се замина со нерешени 17-17.
Но, вториот дел беше поинаков. Алкалоид добро почна, поведе со 19-18, тогаш на сцена стапи фантастичниот голман Васил Гогов, Вардар тргна моќно, го врати водството и почна да прави разлика за на крајот да дојде до убедлива победа од 34-28.
Најефикасен во составот на Вардар беше Дмитро Горига со девет голови, Боно и Малус постигнаа по пет, Гогов имаше осум одбрани. Кај Алкалоид најефикасен беше Мартин Серафимов со девет голови.
По 11 одиграни кола Вардар е прв со максимални 22 бода, Пелистер има 19, Алкалоид 18, Охрид 17.






