Есенскиот шампион во мак-фудбалот направи неколку промени во ростерот. Пет нови имиња пристигна во таборот на „црвено-црните“. По подготовките во Турција, сега Гоце Седлоски во тренинг центарот во Хиподром го имаше целиот тим на располагање.
Играчите со репрезентативно искуство Дарко Велковски и Бобан Николов се ставија во функција на тимот. Освен нив, тука се новите аргентински крила Хоакин Торес и Иан Пулехо, како и Стефан Цветковиќ кој дојде од српската Суперлига.
Вардар в сабота во 14:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ ќе одигра хуманитарен натпревар за жртвите во страшниот пожар во Кочани против домаќинот Осогово. Средствата од билетите ќе бидат донирани.







