„Црвено-црните“ продолжуваат да работат на тимот за новата сезона, новото засилување за актуелниот освојувач на Купот на Македонија е Ворен Чимбембе.
Станува збор за фудбалер од средниот ред кој има искуство од настап во француската Лига 1 и Лига 2, каде го носел дресот на Мец, Троа и Генгам.
Тој веднаш му се стави на располагање на тренерот Гоце Седлоски на подготовките во Раденци, каде се темпира формата пред натпреварот во Конференциската лига.