петок, 13 март 2026

Вардар договори ново дефанзивно засилување за следната сезона

Ракометниот клуб Вардар 1961 е пред потпис со уште едно засилување за следната натпреварувачка сезона.

Фото: Rukometni klub Dinamo Pančevo/Facebook

Објавено на

часот

Сподели

„Црвено-црните“ се договорија со Марко Тасиќ од Србија. Според пишувањето на српскиот „Моцарт Спорт“, 23-годишникот си подаде рака со вардарци за налето да пристигне во тимот.

Тасиќ е лев бек, меѓутоа во својата игра има главно дефанзивни карактеристики. Тој заигра и за репрезентацијата на Србија и беше еден од главните дефанзивци во тимот на Раул Гонзалез кој сакаше да го доведе и во Партизан, а интерес имаше и од други европски клубови.

Во својата кариера Марко Тасиќ се истакна играјќи за Војводина, меѓутоа имаше тешка повреда која го оддалечи од терените околу година и половина. Сепак, ги надмина проблемите и заигра на високо ниво во Динамо Панчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ