Во Скопје во дресот на „црвено-црните“ се враќа Дарко Велковски. Стоперот кој есента беше дел од Зрињски во Босна и Херцеговина. Македонскиот репрезентативец се очекува да биде одлично засилување за дефанзивниот де во походот кон титулата.
Велковски веќе беше дел од Вардар од 2015 до 2018 година. Потоа замина во Ријека, а играше и за Ал Етифак, Динамо Букурешт, Ниреѓихаза и Зрињски.
Освен македонскиот стопер во редовите на Вардар доаѓа и Стефан Цветковиќ кој беше дел од Железничар Панчево. 28-годишникот е крилен фудбалер кој главно игра на левата страна и се очекува да биде замена за Роџерс Мато кој замина.
Во својата кариера Цветковиќ тргна преку Црвена Звезда, а потоа играше за Графичар, Бачка Топола, Металац, Раднички Ниш и РФС Рига.






