петок, 20 февруари 2026

Вардар доби засилување, потпиша со Вукашин Воркапиќ

Ракометниот клуб Вардар официјално го потврди ангажманот на српскиот репрезентативец Вукашин Воркапиќ кој од сега ќе го носи „црвено-црниот“ дрес.

Објавено на

часот

Сподели

28 годишното десно крило се обврза на соработка со скопскиот гигант до крајот на сезоната 2027/2028 и ќе претставува значајно засилување во ростерот за домашните и европските предизвици.

Воркапиќ доаѓа од редовите на Војводина каде беше еден од носителите на играта, со настапи во домашниот шампионат, националниот куп и во ЕХФ Лигата на Европа. Претходно во кариерата го носеше дресот и на Металопластика од Шабац, како и на француски Иври, стекнувајќи богато интернационално искуство.

Новото засилување на Вардар е стандарден репрезентативец на Србија и има настапи на Светски првенства. Беше дел и од последното Европско првенство во Данска каде реализира 6 гола од 7 обиди, потврдувајќи ја својата ефикасност и квалитет на највисоко ниво.

Со неговата регистрација, Воркапиќ веднаш ќе му биде на располагање на стручниот штаб, а во таборот на Вардар очекуваат значаен придонес во продолжението од сезоната и во настапите на европска сцена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ