Првиот дел мина во изедначен ракомет, но Вардар беше тој кој вообичаено водеше, а Алкалоид доаѓаше до израмнувања. Највисоката предност беше два разлика. На одморот се замина со предност на црвено-црните од 14-13.
Брзо во вториот дел Алкалоид успеа да го сврти резултатот и тие да дојдат до два гола предност. Но, како се ближеше завршницата на мечот, Вардар ги зема работите во свои раце, си го врати водството, а на крајот победи со три разлика што беше и највисока предност на мечот, 28-25.
Играч на мечот беше Јака Малус кој постигна десет гола, Дмитро Хориха и Урош Митровиќ дадоа по шест, кај Алкалоид најдобар беше Урош Борзаш со девет погодоци. Одличен на голот на Вардар беше Валах кој имаше 11 одбрани, на спротивната страна Кизиќ фати девет топки.
Ова беше и последниот меч за Вардар и Алкалоид во регуларниот дел од сезоната. Следува плејофот.






