петок, 11 јули 2025

ВАР собата на ФФМ ќе биде една од најмодерните во Европа

Од наредната сезона според најавите од Фудбалската Федерација на Македонија ВАР системот ќе биде ставен во функција, а како што вели ВАР менаџерот и инструктор на ФИФА, Далибор Ѓурѓевиќ тој ќе биде еден од најмодерните во Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Во ФФМ во овој момент се прават последните подготовки, се одржуваат обуки за судиите да го користат ВАР на најдобар начин, засега како што вели Ѓурѓевиќ се оди во најдобар ред и без никакви проблеми.

„ВАР не е само технологија, тоа е систем што бара поддршка и посветеност. А, кога првиот човек на федерацијата стои зад еден ваков проект, тогаш знаете дека успехот е реална цел.

Условите во кои работиме овде ги споредувам со оние во многу поголеми фудбалски сојузи и можам слободно да кажам дека раководството на ФФМ, посебно претседателот Масар Омерагиќ, обезбеди феноменални услови за работа, особено за судиите ВАР собата во зградата на ФФМ ќе биде една од најмодерните во Европа. Дури и во некои од првите десет лиги во Европа, судиите немаат вакви услови. Затоа, тие имаат обврска да го оправдаат ова вложување и поддршката што ја добиваат. ВАР е само еден сегмент што ќе ги следи позитивните случувања во македонскиот фудбал“, вели Ѓурѓевиќ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ