Македонскиот репрезентативец стрела за својот клуб само пет минути откако влезе во игра во 86 минута. Миовски доби добро одложена топка во шеснаесетникот и пласира во мрежата на поранешниот клуб, меѓутоа ВАР собата го поништи голот.
Причината беше игра со рака во зачетокот на акцијата од страна на соиграч на Миовски.






