понеделник, 9 јуни 2025

Валенсија ќе го тужи Нетфликс поради Винисиус

Најпопуларната платформа за гледање филмови и серии, Нетфликс објави документарец за животот на бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус, посебен акцент е ставен на расистичките навреди кон него.

Објавено на

часот

Сподели

Посебен акцент е ставен на навредите кон фудбалерот Винисиус од навивачите на Валенсија, инцидент кој се случи на Местаља.

Тоа ја налути Валенсија, која најави тужба против Нетфликс поради извртување на вистината.

„Како одговор на неправдите и невистините изнесени кон навивачката база на Валенсија, клубот упати писмено барање до продуцентите на документарецот во врска со нивното прикажување на настаните на Местаља, кое не одговара на реалноста. Вистината и почитта кон нашите навивачи мора да преовладуваат. Валенсија го задржува правото на правни постапки соодветни на ситуацијата“, се вели во соопштението на шпанскиот клуб.

Во една од сцените од документарниот филм се прикажува снимка од стадионот по што се тврди дека цела трибина скандирала „мајмун“, а тоа предизвика реакција од Валенсија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ