недела, 14 декември 2025

Валенсија го нуди Димитриевски на позајмица

Македонскиот голман, Столе Димитриевски нема иднина на Местаља, голема е веројатноста дека во наредните денови ќе се пресели во нов клуб каде би играл како позајмен.

Објавено на

часот

Сподели

Според дел од шпанските медиуми, Валенсија го нуди Димитриевски на позајмица. Наводно тие го понудиле на Селта, Леванте, Елче и неколку клубови надвор од Шпанија.

Како најсериозен кандидат за потписот на Димитриевски се посочува Елче, новиот член на Примера.

Димитриевски минатото лето пристигна во Валенсија за да биде прв голман, но тогаш Мамардашвили остана во клубот иако потпиша за Ливерпул.

Македонецот чекаше цела сезона за грузискиот голман да замине, но Валенсија го ангажираше Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао, па повторно ќе нема место за нашиот Димитриевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ