недела, 7 декември 2025

Ваков инцидент ретко се гледа во Формула 1: Леклер и Норис се судија во боксот (ВИДЕО)

Вториот слободен тренинг на ГН на Сингапур донесе еден инцидент кој ретко се гледа, Шарл Леклер го удри Ландо Норис во боксот, возачот на Ферари сепак се спаси од казна.

Објавено на

часот

Сподели

Бизарен судир во Сингапур, на вториот слободен тренинг, Шарл Леклер на излегување од боксот на Ферари го закачи Ландо Норис, кој заврши во заштитната ограда и дополнително го оштети својот болид.

Шарл Леклер сепак нема да биде казнет, парична глоба ќе добие Ферари поради тоа што небезбедно го пуштиле својот возач.

Што се однесува до времињата, Оскар Пјастри беше најбрз, пред рукито Исак Хаџар и Макс Верстапен.

Фернандо Алонсо, кој беше најдобар на првиот слободен тренинг, се покажа во солидно светло и на вториот, каде го имаше четвртото најбрзо време.

ФОТО: X/Formula 1

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ