вторник, 9 декември 2025
МНОГУ ЕМОЦИИ НА ТРИБИНИТЕ

Вака изгледаше познатата „You’ll never Walk Alone“ на првиот натпревар на Енфилд по смртта на Жота (ВИДЕО)

Ливерпул попладнево го одигра првиот натпревар на Енфилд по трагичната смрт на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, имаше многу емоции на трибините, но и долу на теренот.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвените“ беа погодени од голема трагедија пред почетокот на новата сезона, во сообраќајна несреќа почина Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.

Пред почетокот на натпреварот против Атлетик Билбао, легендата на „црвените“ Фил Томпсон и претседателот на госите, Жон Уриарте положија венец цвеќе пред трибината Коп, а навивачите ги скандираа своите познати песни за Диого Жота.

Потоа беше отпејана познатата „You’ll never Walk Alone“.

Сосема очекувано, пресметката против Атлетик Билбао беше прекината во 20. минута и цел стадион стана на нозе во чест на Португалецот.


ФОТО: X/Liverpool FC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ