четврток, 11 декември 2025

Вајли не можеше сам, Македонија загуби од Романија на стартот од претквалификациите за СП

Кошаркарската репрезентација на Македонија со пораз ги отвори претквалификациите за Светското првенство 2027, денеска во Куманово загубивме од селекцијата на Романија со 80-72.

Објавено на

часот

Сподели

Подмладената македонска репрезентација падна во финишот и на крајот и убедливо го загуби мечот иако тоа не е слика на она што се случуваше на теренот во спортската сала во Куманово.

Натпреварот беше изедначен, двете селекции се менуваа во водство, тргнавме лошо, Романија почна со 6-0, но се стабилизиравме и брзо го свртевме резултатот. Првото водство за нас беше 13-12. На полувремето исто така имавме предност од еден поен разлика, беше 32-31.

Во последниот период од мечот влеговме со два поени предност, 57-55. Но паднавме во последните минути, Романците ја добија четвртата четвртина со десет поени разлика и на крајот дојдоа до триумфот од 80-72.

Џејкоб Вајли постигна 28 поени, тој беше убедливо најдобриот кошаркар на Македонија. Двоцирени беа и Андреј Митревски и Адем Мекиќ со по десет поени. Кај Романците најдобар беше Тохатан со 21 поен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ