недела, 5 април 2026

Вајлдер го победи Чисора по 12 рунди брутална борба (ВИДЕО)

Деонтеј Вајлдер го доби лондонскиот боксерски спектакл во „О2“ арената, тој со поделена судска одлука беше прогласен за победник во мечот против Дерек Чисора.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мечот беше фантастичен, 12 рунди жестока размена на удари, нокдауни, пресврти, двајцата борци издржаа до самиот крај.

Клучниот момент се случи во осмата рунда, кога Дерек Чисора успеа да го разниша Вајлдер, но Американецот експресно возврати со серија брутални контри. Во хаотичната размена, Чисора заврши и надвор од рингот, но покажа неверојатна издржливост – се врати и дури успеа да го собори Вајлдер со силно кроше.

Вајлдер успеа да се консолидира и да ја приведе борбата до крај, оставајќи подобар впечаток кај судиите, кои пресудија во негова корист (115-111, 112-115, 115-113). Тој со оваа победа стигна до својот 45-ти триумф во кариерата, додека за Чисора ова беше 14-ти пораз во 50-тиот професионален настап – можеби и последен во неговата долга кариера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ