вторник, 17 февруари 2026

Ужас на хокејски меч во САД: влегол со оружје, ги убил поранешната сопруга и детето (ВИДЕО)

Нова трагедија во САД поради пукање од огнено оружје, овојпат на средношколски хокејски натпревар, напаѓачот, кој бил трансродова личност, си ги убил поранешната сопруга и детето, тројца се критично повредени.

Објавено на

часот

Сподели

Напаѓачот е идентификуван како Роберта Еспозито од Норт Провиденс, трансжена, која е родена како Роберт Дорган.

Властите потврдија дека напаѓачот исто така е починат за време на ужасниот настан. Инцидентот се случил за време на хокејски натпревар кој го следеле семејства со ученици.

Според американските медиуми, напаѓачот си ја убил поранешната сопруга и дете. Тројца членови на фамилијата се потешко повредени, тие се наоѓаат во болница на интензивна нега.

„Семејства и пријатели денес беа собрани на хокејски натпревар за да слават. Наместо тоа, бесмислен чин на насилство одзеде два невини животи, а осомничениот си го одзеде сопствениот живот“, изјави градоначалникот на Павтакет, Доналд Гребиен.

Во моментот кога во салата се слушнале рафални истрели, завладеала голема паника меѓу присутните, но и меѓу хокеарите кои побрзаа да го напуштат теренот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ