петок, 25 април 2025

Утре на „Градски“ ќе бидат присутни и легенди на Звезда: Панчев, Најдоски, Ѓуровски, Пижон…

Утре од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе одиграат пријателски натпревар Вардар и Црвена звезда, тоа ќе биде хуманитарен меч за настраданите во ужасната несреќа во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Црвена звезда соопшти дека дел од натпреварот ќе биде и присуството на дел од легендите на клубот, претежно оние кои се од Македонија.

Тие ќе продефилираат на полувремето и ќе ги поздрават фановите, а дел од присутните ќе бидат: Дарко Панчев, Илија Најдоски, Бошко Ѓуровски, Владмир Петровиќ Пижон, Станислав Караси, Неделко Милосављевиќ, Здравко Боровница, Цвијетин Благојевиќ, Жарко Ѓуровиќ, Санибал Ораховац, Владислав Мирковиќ, Драган Канатларовски, Драган Мрѓа, Душко Тошиќ, Горан Попов…

Досега се продадени околу 20.000 влезници, целиот приход од натпреварот ќе оди за настраданите од големата несреќа која се случи во Кочани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ