МА Гаминг ДООЕЛ Скопје, кој е застапник на брендот Адмирал во Македонија пред повеќе од пет месеци донесе одлука да го поддржува понатамошниот развој на очигледниот спортски талент на младиот боксер од Битола, Ален Рустемовски.
„Ни претставува големо задоволство што г-динот Рустемовски сребрениот медал и европската вицешампионска титула од Ерменија заслужено ја круниса и со изборот за спортист за 2025 година, со гласовите на националните спортски федерации и медиумите. Горди сме на овој негов успех кој дополнително не мотивира да продолжиме и понатаму да придонесуваме во општествениот развој. Младите се иднината на секоја држава и затоа наш фокус е поддршката на проекти кои инвестираат во нивниот правилен развој, едукација и воспитување.“, изјави за медиумите г-дин Јане Тасевски, од највисокиот менаџерски тим на Адмирал.
Членките на Групацијата Новоматик Македонија, Казино Фламинго, Адмирал, Астра Казино се спонзори и на најтрофејниот фудбалски клуб Вардар, но и на Фудбалската Федерација на Македонија.
„Несомнено е дека секој вид поддршка за професионалниот спорт значи сериозен придонес во правилниот развој и воспитувањето на младината од различни генерации. Младите гледаат свои идоли во професионалните спортисти и се идентификуваат со индивидуалните и колективните успеси. Како претставници на реномирани компании од ЕУ, продолжуваме да демонстрираме висока општествена одговорност преку хуманитарни и спонзорски активности во најзначајните општествени сегменти, јавното здравство, образованието, културата и спортот“, потенцираше г-дин Петар Пенчев, од највисокиот менаџерски тим на Адмирал.







