Паолина Кудерметова, помладата сестра на попознатата Вероника Кудерметова реши Русија да ја замени со Узбекистан. Таа стана репрезентативка на оваа земја.
22-годишната тенисерка во моментов е на 104. место на ВТА листата, а во април беше 54. во светот. Таа не е дел од самиот врв, но со оглед на годините се смета за перспективна тенисерка.
Еще одна российская теннисистка сменила спортивное гражданство.Младшая из сестер Кудерметовых теперь представляет Узбекистан 🇺🇿
Официально Полина ничего не объявляла, но на сайте Международной федерации тенниса флаг уже поменяли 👀 pic.twitter.com/SQBSKjssrz
— Спорт-Экспресс (@sportexpress) December 14, 2025
Засега нема промена во државјанството кај нејзината постара сестра, Вероника Кудерметова која е деветто место на ВТА во сингл и второ во двојки со заработени повеќе од десет милиони долари.
Паолина Кудерметова е четвртата руска тенисерка во последните два месеци која се откажа од Русија. Пред десетина дена три тенисерки ја напуштија земјата. Камила Рахимова и Марија Тимофеева исто така одбраа да настапуваат за Узбекистан, а Анастасија Потапова која е највисоко рангирана меѓу нив, одличи да игра за Австрија.
Претходно, во првиот дел од годината Дарја Касаткина која долг период беше најдобра руска тенисерка, го смени државјанството и одбра да игра за Австралија.
За разлика од останатите случаи кои минуваат без посебна возбуда, одлуката на Касаткина беше пропратена со остри реакции во Русија откако таа јавно ги критикуваше руските власти за војната во Украина и отворено зборуваше за нејзината сексуална ориентација.
Од почетокот на војната па до денес, бројот на руски тенисерки и тенисери кои го промениле држајванството дојде до двоцифрени бројки. Што дава длабочина на последиците од конфликтот и санкциите врз спортот.






