Бразил доби уште една пресметка против Европа на СКП, откако утрово Ботафого го изненади ПСЖ и славеше со 0-1, вечерва Фламенго со 3-1 ја доби пресметката против Челси.
Сините добро го отворија мечот и поведоа со 0-1 во 13. минута, Педро Нето донесе радост за „сините“.
Но избраниците на Енцо Мареска имаа шест црни минути во продолжението од натпреварот
Нововлезениот Бруно Енрике изедначи на 1-1 во 62. минута, за во 65. минута да му асистира на Данило за 2-1 и голема радост на Бразилците.
Николас Џексон потоа остро стартуваше, доби црвен картон во 68. минута и ги остави Челси на цедило.
Фламенго ја искористи бројчаната предност и во 83. минута Валас Јан стави точка на натпреварот и ги постави конечните 3-1.
Со оваа победа, „црвено-црните“ од Рио де Жанеиро се први во групата Д, и се на чекор до осминафинале.
ФОТО: X/FIFA Club World Cup