Минатото лето, Столе Димитриевски потпиша со Валенсија со намера да биде прв голман на клубот од Местаља, но плановите се изјаловија откако Героги Мамардашвили беше продаден на Ливерпул и веднаш вратен на позајмица.
Македонецот трпеливо чекаше шанса и се очекуваше во сезоната 2025/26 конечно да застане помеѓу стативите, но тренерот Карлос Корберан имаше други планови.
Тој побара ангажман на нов голман и на „Местаља“ пристигна Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао.
На еден месец пред крајот на летниот преоден рок, новинарот Матео Морето откри дека Столе Димитриевски практично нема иднина на Местаља поради една клаузула во позајмицата на Хулен Агирезабала.
Шпанецот ќе мора да брани, односно да одигра одреден број на натпревари за Валенсија да не плаќа пенали.
Една ваква клаузула е погубна за нашиот голман, кој тешко дека ќе добие шанса, бидејќи тоа ќе значи екстра трошок за популарните „лилјаци“.
ФОТО: X/Valencia CF






