По поразот од Романија во Гевгелија, подмладената Македонија не можеше многу да направи во Солнок против Унгарија, па го забележа вториот пораз.
Македонија беше рамноправна во првата четвртина која им припадна на Унгарците со 19-18, но следуваше голем потоп во вториот период кој го добија Унгарија со 34-19. Очајна ни беше и последната четвртина во која дадовме само седум поени, а примивме дури 26.
Најефикасен во нашата репрезентација беше Џејкоб Вајли со 15 поени, Магдевски даде 11, а Симиќ 10.
Македонската репрезентација следниот натпревар го игра веќе во среда на гостински терен кај Романија.






