Офанзивниот фудбалер го напушти Раднички Крагуевац и реши да замине на нова авантура. Станковски стави потпис на договор до 2028 година со Колос Коваливка. Според информациите, Украинците платија 350.000 долари за трансферот.
Станува збор за клуб кој моментално е шестопласиран и конкурира за горниот дел од табелата во Првата лига на Украина.
Во својата кариера Лука Станковски тргна преку Работнички, па играше за Горица од Словенија, Тузласпор и Газијантеп во Турција, како и Раднички во Србија.






