сабота, 13 декември 2025

УЕФА нема намера да ја врати Русија во фудбалските натпреварувања

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) потврди дека Русија нема да учествува на наредното издание од Лигата на нации, со тоа продолжува суспензијата за оваа земја која стапи на сила во 2022 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руската фудбалска репрезентација не се најде на списокот од 54 селекции кои добија покани за настап на петтото издание од Лигата на нации.

Русија е наведена на самото дно со напомена дека останува суспендирана до понатамошно известување.

За разлика од Русија, Израел без проблем настапува во натпреварувањата на УЕФА и ФИФА. Двојниот аршин на фудбалските асоцијации предизвикува револт во јавноста.

Најголем дел од јавноста смета дека треба или Русија да добие дозвола или и Израел да биде суспендиран.

Но, засега ништо не се менува, Русија која веќе пропушти две изданија на Лигата на нации ќе пропушти и трето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ