среда, 11 јуни 2025

Удар за Астон Вила, голманот Мартинез го напушта клубот

Емилијано Мартинез кој важи за еден од најдобрите голманот во светот, ќе си замина од Астон Вила по крајот на оваа сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Астон Вила синоќа со 2-0 го победи Тотнем и остана во трка за место во Лигата на шампионите.

По крајот на мечот Мартинез подолго од сите остана на теренот и со насолзени очи се поздравуваше со навивачите.

Според британските медиуми, Мартинез донел одлука да го напушти клубот од Бирмингем.

Наводно Мартинез има понуди од Саудиска Арабија, но и од Европа, тој сака да остане на стариот континент и да игра на највисоко ниво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ