понеделник, 9 март 2026

Удар пред Барса и Вардар, опериран организаторот на играта на Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ќе биде ослабен за претстојните предизвици.

Објавено на

часот

Сподели

Шампионот на Македонија соопшти дека Домен Тајник бил итно опериран поради проблеми со слепото црево. Операцијата се извршила во болницата во Битола, а пред словенечкиот ракометар е период на рехабилитација.

Брзо опоравување Домен, ние сме со тебе! Домен Тајник денес беше успешно опериран од слепо црево во болницата во Битола“, напиша клубот на социјалните мрежи.

Тоа значи дека пелистерци и тренерот Стевче Алушовски нема да можат да сметаат на Тајник в среда против Барселона, како и викендов против Вардар во суперлигашкото дерби.

Засега не е поставена временска рамка кога Словенецот би се вратил на тренажниот процес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ