недела, 7 декември 2025

Убедлив пораз на македонските кошаркарки во Хрватска

Македонската женска кошаркарска репрезентација доживеа пораз од 55-83 на гостувањето кај Хрватска во третиот натпревар од квалификациите за Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија само во првата четвртина успеа да му парира на домаќинот, тие 10 минути ги загубивме со 17-19. Потоа Хрватска почна да се одлепува, на полувремето Хрватките водеа со 44-32.

Во вториот дел домаќинките продолжија да создаваат разлика до конечни 83-55.

Хемпе и Митрашиновиќ беа најефикасни во нашата репрезентација, постигнаа по 15 поени. Исто толку кај Хрватска дадоа Бегиќ и Цвитковиќ.

Со овој натпревар заврши ноемврискиот квалификациски прозорец, следните три натпревари ги играме во март наредната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ