недела, 14 декември 2025

Убав гест на Челси: Ќе донира дел од бонусот за триумф на СПК на семејството на Диого Жота

Челси и фудбалерите се договорија дел од бонусот за триумф на Светското клупско првенство да го донираат на семејството на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.

Објавено на

часот

Сподели

„Сините“ минатиот месец триумфираа на првото издание на новото Светско клупско првенство и инкасираа преку 110 милиони долар за успехот во САД.

Фудбалерите како награда ќе поделат околу 15 милиони долари, односно секој фудбалер што настапил ќе добие околу 500.000 долари.

Медиумите од Англија сега пишуваат за убав гест, Челси и фудбалерите се договориле дел од бонусот да биде дониран на семејството на трагично загинатите Диого Жота и Андре Силва.

Напаѓачот на Ливерпул и неговиот брат починаа на почетокот од јули во страшна сообраќајна несреќа во Шпанија.

Португалецот добил забрана да лета со авион, па со автомобил тргнал на пат кон Сантандер, каде требал да се качи на траект и да го продолжи патувањето до Англијаа за да се пријави на подготовките за новата сезона.

ФОТО: X/Liverpool F.C.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ