Навивачот бил уапсен на булеварот „Илинден“ пред да почне мечот. Причината за апсењето се симболите кои ги истакнувал, со нив предизвикувал национална, верска и расна омраза и нетрпеливост.
„На 05.08.2025 во 19.45 часот на бул.„Илинден“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(37) од Сојузна Република Германија поради сомнение за сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик. На мотоциклот со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал, имал истакнато симбол што предизвикува национална верска и расна омраза и нетрпеливост. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.
МВР отвори и постапка за националистичките скандирања за време на мечот меѓу Шкендија и Карабах, резултатите од истрагата дополнително треба да бидат соопштени.






