Турците уште од стартот на мечот покажаа дека се подобра селекција, ја добија првата четвртина со 26-16, а на полувремето веќе имаа предност од 49-31. Ги добија и преостанатите четвртини за конечна победа од 94-68.
Османи со 28 поени беше најдобар на теренот, Осман постигна 17, а Шенгун 15, во составот на Грција, Слукас даде 15 поени, Адетокумбо застана на 12, имаше и 12 скокови.
Во првото полуфинале денеска Германија со 98-86 ја совлада Финска. Шрудер постигна 26 поени, Вагнер 22.






