среда, 11 март 2026

„Тудор му ја уништи кариерата на младиот голман“

Игор Тудор го забележа и четвртиот пораз на чело на Тотнем од исто толку натпревари, но овојпат во очи падна неговиот потег со младиот голман Антонин Кински.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тотнем со 2-5 загуби на гостувањето кај Атлетико Мадрид. Тудор се реши овој меч да го почне со 22-годишниот голман Антонин Кински наместо со Викарио.

Во првите 15 минути од мечот Кински прими три гола, по што Тудор го извади од игра, во 17. минута беше направена замената, Викарио влезе да го добрани мечот.

Овој потег на Тудор го искоментира легендарниот голман Питер Шмајхел кој смета дека Хрватот со ова му ја уништи кариерата на Кински.

„Го гледате часовникот 14:55 и што прави Игор Тудор тогаш, го вади голманот. Тоа ќе има влијание за младиот голман до крајот на неговата кариера. Ова ќе биде момент кога сите во фудбалот секогаш ќе се сеќаваат кога ќе го слушнат неговото име. Тудор направи избор како тренер, не одеа работите во негов прилог, губеа со 3-0, немаше шанса овој тим да се врати од таа негатива, требаше да го остави голманот, барем да го остави до полувремето. Според мене тој апсолутно му ја уништи кариерата, навистина ми е жал за него“, рече Шмајхел.

По натпреварот Тудор се обиде да ја објасни ситуацијата вели дека го извадил голманот за да му помогне.

„Изборот на Кински беше правилна одлука, тој е талентиран голман. А потоа нешто се случи…Никогаш не сум видел такво нешто. Го извадив за да му помогнам. Но, оваа сезона се оди против нас“, рече Тудор.

Следниот меч на Тотнем е против Ливерпул, а потоа реваншот против Атлетико Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ