четврток, 2 април 2026

Тројца италијански тренери ќе бидат на Светското првенство, но не и Гатузо

Италија трет бараж по ред за Светско првенство не успеа да помине, Италијанците веќе се во очај кој никако да престане, сепак ќе имаат свои претставници на Мундијалот.

Објавено на

часот

Сподели

Гатузо и италијанските фудбалери нема да бидат на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, но ќе има италијански тренери.

Најистакнат е Карло Анчелоти кој ја има улогата на селектор на Бразил и ќе се обиде да го донесе златото од ова Светско првенство.

Винченцо Монтела како селектор ја врати Турција по долго време на големата сцена.

А третиот италијански селектор е Фабио Канаваро кој ќе го предводи Узбекистан на престојниот Мундијал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ