четврток, 29 мај 2025

Три клуба се интересираат за Влаховиќ, ниту еден не е поголем од Јувентус

Јувентус ќе се обиде да го продаде Душан Влаховиќ на лето, за српскиот фудбалер се интересираат три клубови.

Објавено на

часот

Сподели

„Газета дело Спорт“ пишува дека Галатасарај, Фенербахче и Њукасл се трите клуба кои се интересираат за Влаховиќ.

Јувентус е подготвен да прифати понуда од 60 милиони евра иако пред три години го плати 83,5 милиони евра.

Влаховиќ оваа сезона настапи на 38 меча во сите натпреварувања, постигна 14 голови и имаше пет асистенции.

Трансфер во Турција би бил чекор назад во кариерата на Влаховиќ, Њукасл е добра опција бидејќи се работи за клуб од Премиерлигата, но јасно е дека ниту еден од трите клуба не е на нивото на Јуве.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ