вторник, 10 јуни 2025

Третото финале е талично: Кристал Палас се радува на првиот трофеј во 119 години историја (ВИДЕО)

Кристал Палас го изненади Манчестер Сити на Вембли во финалето на ФА Купот, популарните „орли“ триумфираа со 1-0 и се радуваат на првиот трофеј во 119 гоидни историја.

Објавено на

часот

Сподели

Третото финале во ФА Купот се покажа како талично за Кристал Палас, популарните „орли“ денеска на Вембли го изненадија фаворитот Манчестер Сити и го освоија трофејот, кој е прв во нивната историја долга 119 години.

Клучниот момент се случи во 16. минута од мечот кога Муњоз убаво продре по десната страна и му асистираше на Езе за 1-0.

Мармуш пропушти да го врати Манчестер Сити во игра, скапото зимско засилување не реализираше пенал во 36. минута од мечот.

„Граѓаните“ доминираа во продолжението од мечот но се беше залудно, беа упатени само два удари во рамките на голот, Дин Хендерсон беше на висината на задачата и ги фрустрираше противниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ