На паркингот пред зградата на Фудбалската федерација на Македонија дојде до судир на членови на гостинската делегација со полицијата. Според информациите, еден од директорите на Башкими беше во главна улога и сакаше физички да се пресмета со членовите на интервентната полиција.
За среќа имаше неколку присебни лица од делегацијата на гостите, па го смирија и спречија голем скандал.
Тензија имаше уште за време на мечот кога беше исклучен Реџеп Мурати, а дојде и до турканица на теренот меѓу фудбалерите и членовите на стручните штабови.






