сабота, 14 јуни 2025
Се распаѓаат трансфер плановите

Трет удар за Чаби Алонсо пред да го преземе Реал Мадрид

Се распаѓаат трансфер плановите на Чаби Алонсоуште пред тој да седне на жешкото столче на Реал Мадрид, Арсенал веќе се договори со Мартин Зубименди, а Баерн Минхен со Флоријан Вирц и Џонатан Та.

Објавено на

часот

Сподели

Иако ништо не е потврдено, Чаби Алонсо ќе биде нов тренер на Реал Мадрид и ќе седне на жешкото столче на „Бернабеу“ веќе на 1. јуни.

Но тој се соочува со доста проблеми уште пред да ја почне авантурата на кормилото на „кралевите“.

До овој момент, Чаби Алонсо загуби две битки на трансфер пазарот, а е на добар пат да загуби и трета.

Откако Мартин Зубименди се договори со Арсенал, а Флоријан Вирц со Баерн Минхен, „баварците“ се многу блиску да го „украдат“ и Џонатан Та.

Сите во Баерн Минхен се сложни дека Џонатан Та е идеално засилување на одбраната и замена за Ерик Даер, па дадено е зелено светло да му се исполнат сите финансиски барања на репрезентативецот на Германија.

Условите кои ги нудат „баварците“ се прилично атрактивни, и Џонатан Та навалува кон одлука да се пресели на „Алианц Арена“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ