среда, 10 декември 2025

Трет меч, трет пораз за македонските кошаркари

Подмладената кошаркарска репрезентација на Македонија нема да игра квалификации за Светското првенство откако го претрпе и третиот пораз во квалификациите, денеска загубивме со 79-66 на гостувањето во Романија.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија беше рамноправна само во првите минути, потоа Романија почна да прави разлика, првите десет минути завршија со предност на домаќинот од 26-19. Романците беа подобри и во втората четвртина, на полувремето заминаа со предност од 45-34.

Нашата репрезентација заигра нешто подобро во третиот период кој го добивме со 15-14, но Романците до крајот на мечот го контролираа резултатот и не дозволија да влеземе во драматична завршница, конечниот резултат беше 79-66.

И на овој натпревар Џејкоб Вајли беше нашиот најдобар кошаркар, тој постигна 19 поени, а имаше 10 скокови, двоцифрени беа и Андреј Магдевски со 13 поени и Андреј Митревски со 11.

На Македонија ѝ остана уште еден натпревар до крајот на претквалификациите, дуелот со Унгарија на домашен терен кој го играме на 20 август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ