Првиот човек на Тотнем, Даниел Леви минатата недела повлече непопуларен потег и му врачи отказ на Анге Постекоглу, и покрај тоа што Австралиецот со грчко потекло им донесе трофеј на „спарси“ по 17 години пауза.
Клубот од Северен Лондон веднаш најде негова замена и вечерва го потврди Томас Франк за нов тренер, 51 годишниот стратег се обврза на соработка до 2028.
Како што пренесуваат медиумите, тренерската рокада ќе го чини Тотнем „ѓавол ипол“.
Анге Постекоглу доби компензација од околу 4 милиони фунти за отказот, а на Бренфорд ќе му се исплатат околу 10 милиони фунти за да го ослободи Томас Франк.
ФОТО: X/Tottenham Hotspur