По овој натпревар незадоволството не го сокри тренерот Бледи Шкемби. Тој ги обвини судиите и ВАР собата дека директно влијаеле на резултатот на натпреварот.
„Двапати водевме, постигнавме трет гол и без причина го поништија поради офсајд. Исто така имаше и чист пенал за нас, меѓутоа не беше досуден. Вториот гол на Силекс беше офсајд, а ВАР не реагираше. Мислам дека судијата ни ја одзеде победата. Не сум тренер кој се занимава со судиите, ама многу грешки се прават против нас“, изјави тренерот на стружани.
Со овој пораз Струга заостанува седум бода зад водечкиот Вардар, а сега падна и на третото место на сметка на Шкендија која е второпласирана со бод повеќе.






