петок, 6 март 2026

Тренерот на Шкендија: Дури и птиците знаат кој е најдобар тим во Македонија

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, беше задоволен по големата победа на неговиот тим против Вардар со 0-1 во дербито од Првата македонска фудбалска лига.

Објавено на

часот

Сподели

Тетовци со овој триумф не само што освоија важни три бода во Скопје, туку ја прекинаа и долгата серија на Вардар без пораз која траеше 39 натпревари, со што трката за шампионската титула дополнително се вжешти.

Очекував победа, затоа што се подготвувавме со максимален интензитет. Имавме само два дена одмор, но дадовме максимум од своите можности за да одиграме најдобро што можеме. Им ја посветувам победата на нашите навивачи, Шкендија е голем клуб и бренд кој е познат и надвор од границите на Македонија. Притисокот сега е врз Вардар, успеавме да се доближиме на само еден бод и ќе се бориме до крајот за да дојдеме до првото место на табелата. Имаме добра серија на резултати, сакам тоа да продолжи и на следните натпревари. Со посветеност и максимален фокус, верувам дека можеме да ја оствариме целта. Дури и птиците знаат кој е најдобар тим во Македонија“, изјави Беќири.

По ова коло Шкендија има 51 бод и заостанува само еден зад лидерот на табелата. Во следниот натпревар тетовскиот состав ќе игра против Брера Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ