вторник, 9 декември 2025

Тренерот на ФК Сараево поднесе оставка, Ристовски и Елези ќе имаат нов предводник

Лошите резултати на стартот од сезоната земаа тренерска жртва кај славниот босански клуб, ФК Сараево ќе добие нов тренер.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалскиот клуб Сараево објави дека Зоран Зекиќ повеќе не е тренер на првиот тим откако тој поднел неотповиклива оставка.

„Ги информираме навивачите и целокупната јавност дека Зоран Зекиќ поднесе неотповиклива оставка на тренерската позиција на ФК Сараево“, соопшти босанскиот клуб.

Сараево имаше разочарувачки старт на сезоната. Испадна од Конференциската лига во второто квалификациско коло, а на стартот од домашното првенство одигра 4-4 со Радник од Бјелина иако имаа водство од 3-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ